„Хилари“ се движи кон Калифорнија, ураганот ја зеде првата жртва

by Фокус

Едно лице се удави синоќа во мексиканскиот град Санта Росалија, на источниот брег на полуостровот Долна Калифорнија, кога возило на петчлено семејство беше однесено во надојдениот поток.

-Спасувачките екипи успеаја да спасат четири лица – изјави Едит Агилар Вилависенсио, градоначалничка на градот Мулеже.

Во Долна Калифорнија невремето донесе и обилни дождови и високи бранови, а постои и опасност од катастрофални поплави.

Во САД приближувањето на „Хилари“ ги принуди властите да откажат летови и спортски натпревари.

-Утринава максималните ветрови на ураганот беа 140 км/ч – соопшти Националниот центар за урагани на САД.

Се предвидува дека центарот на бурата ќе се движи во близина на западниот и централниот брег на полуостровот Долна Калифорнија, а потоа и низ јужна Калифорнија попладнево по локално време.

Се очекува ураганот Хилари да ослабне и да премине во категоријата тропска додека да стигне до Јужна Калифорнија.

Поврзани новости