Меџити: Нема да дозволам нехумано однесување со пациенти!

by Fokus

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска се сретна со Салка Абдулоска, мајка на 17 годишното момче за кое излезе информација дека било несоодветно третирано во болницата во Демир Хисар.

Министерот Меџити, лично се запозна со случајот, како би можело Министерство да помогне за полесно секојдневие во грижата за момчето.

Меџити изразил жалење за настанатата ситуација и потенцирал дека нема да дозволи никогаш несоодветен третман на пациентите, особено на малолетни лица.

„Иако добив уверувања од менаџментот на болницата дека е постапено по сите протоколи со цел безбедност на пациентот, случајот и работењето на болницата Демир Хисар ќе биде под строг надзор на Министерството. Ги охрабрувам другите институции кои започнаа постапка да ги завршат за да се расчисти случајот до крај. Родителите на момчето ја имаат нашата поддршка. Разговаравме за нивните проблеми и ветивме дека ќе се заложиме на оваа семејство да му помогнеме, ќе направиме напори момчето да биде сместено во интернатот од училиште за деца со посебни потреби, `Партениј Зографски`, во Скопје каде оди во училиште“ истакна Меџити на средбата со Абдулоска.

 

Поврзани новости