Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, од редовите на ДУИ, во интервју за Радио Слободна Европа ги кометираше актуелните настани кои предизвикаа меѓуетнички тензии и го брани ставот дека поставувањето на двоглавиот опрел не може да биде причина за нередите во Бутел.
“Овој симбол не е донесен за инает кон другите, туку за вреднување на симболот на Албанците и се базира на одлука донесена од програмата во 2012-та, а како посебна одлука во 2015 година, почитувајќи го принципот на Бадентер. Второ, ако може во Скопје да има и лавови и бикови, можеби целата зоолошка градина, зошто да не и двоглавиот орел кој е од овој крај. Не може да се поставува таква паралела и квантитативно ако се гледа, бидејќи се поставени стотина споменици од другата страна, каде реално еден Македонец и не ги познава повеќето од нив кои се и што се. А во Чаир во овие десет години ги поставивме Скендер-бег, Хасан Приштина и двоглавиот орел. Ни квалитативно, ни квантитативно не може да се воспостави таква паралела или да биде претекст за поставување крст. И во однос на крстот, и да беше одговор на двоглавиот орел, логично беше таму да се постави лав или некој етнички симбол на Македонците. Наш став е дека не смеат да се злоупотребуваат верските симболи за дневна политика“- вели Меџити во интервјуто за РСЕ.