Меџити: На Груевски му остануваат 2 предмети, полека може да се врати како херој

by Фокус

Во однос на последната промена на Кривичниот законик, реализирана тајно и во најбрз можен рок, претставува директен атак кон правната држава, сериозен удар за основните вредности на уставниот систем, како што е поделбата на властите, изјави лидерот на Демократското Движење, Изет Меџити, по одржувањето на Основачкиот совет во Тетово.

Меџити рече дека ова е една многу лоша порака за правдата во нашата држава, затоа што, според него, полошо поминува еден граѓанин кој што нелегално сечел дрвја и лежи 3 години затвор поради тоа, отколку еден политичар кој што направил милионски злоупотреби на државниот буџет.

-Преку правниот сектор во нашето Движење елабориравме каква импликација имаат промените кон предметите во кои како обвинет се јавува Никола Груевски, и следствено со овие промени на него му остануваат само два предмети, што полека му даваaт можност да се врати во РСМ како политички херој. Но сите оние кои помогнаа за неговото бегство и сега неговото враќање, ќе излезе во јавноста вистината и ќе сносат одговорност пред компетентните институции и органи – рече Меџити.

Поврзани новости