Меџити: Косовските граѓани ќе се лекуваат по исти цени како и македонските државјани, тие не се странци во Македонија

by Fokus

Министерството за здравство донесе одлука за израмнување на цените на здравствените услуги во Република Северна Македонија, како за државјаните на земјата така и за граѓаните од Косово и Албанија.

Целта е граѓаните на овие земји да се третираат еднакво за здравствените услуги и да плаќаат колку македонските државјани, пренесе ТВ21.

„Косовските граѓани плаќаа двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното. Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион“, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.

Министерот Меџити рече дека тука нема да застане туку ќе побара билатерална соработка и со Србија и Грција.

 

 

Поврзани новости