53
Лидерот на Демократско движење Изет Меџити ја обвини поранешната партија ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети дека тие дозволиле влез на руски капитал во земјава.
-Кој дозволува руско перење валкани пари преку брзи кредити во Северна Македонија? Кој дозволува и охрабрува отворање на казина? Кој дозволува влез на руски гас и нафта? Кој дозволува и охрабрува руски инвестиции во секоја сфера во Македонија? Кој дозволи сомнителните проруски медиуми да бидат финансирани од руски фондови? Кој го покани министерот за надворешни работи Лавров во Скопје? – праша Меџити.
Според него, влијанието на Русија ќе замине кога ќе замине носталгичниот елемент за Русија во албанскиот политички камп.