Медарот Мицкоски и неговата Данела Арсовска да го решат проблемот во ЈСП, велат од СДСМ

by Fokus

Долгот во ЈСП, за само 1 година е драстично зголемен. ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка го заглавија ова јавно претпријатија и јавниот превоз во Скопје го доведоа под прашање, објавија попладнево од СДСМ.

Според владејачката партија, „тоа е единствена причина зошто денеска вработените во ЈСП немаат земено плата“.

-Шпицниот градоначалник кој на партиска говорница најавуваше проекти за бесплатен превоз во Скопје каде е сега? Мицкоски, кој шеташе на митинзи заедно со Арсовска, кој бараше поддршка од Скопјани да не се крие. Медарот Мицкоски и неговата Данела Арсовска да седнат, да почнат да работат и да го решат проблемот со ЈСП кој што тие го создадоа, велат од „Бихаќка“ преку соопштение.

 

 

Поврзани новости