Мазнева му се заблагодари на Мицкоски за довербата, не кажува дали ќе си поднесе оставка од Програмскиот совет на МРТ

by fokus

Поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Косана Мазнева во изјава за „Фокус“ потврди дека е назначена за координатор за политички партии и НВО сектор во Кабинетот на Христијан Мицкоски.

-ВМРО- ДПМНЕ е уставотворна партија која низ годините покажа дека сите нејзини идеолошки принципи и цели се директно насочени кон подобрување на животот на сите граѓани во Република Македонија. Нашите резултати се видливи, мерливи и повеке од очигледни. Ние сме партија која е силно фокусирана на економското јакнење на Македонија, како и на јакнење на општествените капацитети, институции и ресурси. Во таа насока после 15 години активно учество во највисоките органи на партијата со задоволство можам да ја потврдам информацијата дека сум назначена за координатор за политички партии , НВО сектор и лица во Кабинетот на Претседателот на Вмро-Дпмне, Христијан Мицковски.
Оваа прилика ја користам да изразам благодарност за укажаната доверба од страна на Претседателот Мицкоски и Извршниот комитет на партијата, вели Мазнева.

Ја прашавме и дали по назначувањето на оваа партиска функција ќе се повлече од Програмскиот совет на МРТ, поради судир на интереси, но до објавување на овој текст не добивме одговор.

Поврзани новости