Три лица биле лишени од слобода во саботата, откако биле затекнати во армискиот полигон Криволак, во блзинина на Неготино, опремени со скенер за вршење археолошки истражувања, металдетектори и алат за вршење ископ.
Како што информираат од СВР Велес, тие биле приведени, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
-На 14.04.2024, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Б.А.(49) од с.Никуштак, општина Липково, Р.М.(49) од с.Вакуф, кратовско и Б.А. (36) од с.Орланци, скопско.
Од припадници на армијата тие биле затекнати со патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки во армискиот
полигон Криволак.
При преглед во возилото биле пронајдени металдетектори и скенер за вршење археолошки истражувања и алат за вршење ископ. По
целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава- известија од СВР Велес.
Инаку, армискиот полигон Криволак е еден од најголемите центри за воена обука во Југоисточна Европа. Се простира на површина од над 22.000 хектари и функционира повеќе од пет децении.
Вики Клинчарова