Маж затворен во музеј во Франција, се заканува на арапски јазик

by Fokus

Непознат маж се затворил во музеј во јужниот дел на Франција и се заканува на арапски јазик, соопшти полицијата.

Во тек е полициска интервенција, која започна утрово во Сент Рафаел во департментот Вар во јужниот дел на Франција, пишува весникот „Ле Парисиен“, повикувајќи се на националната полиција.

Како што се наведува, засега само еден човек е затворен во Археолошкиот музеј во Сент Рафаел.

Поврзани новости