Осум годишно момче е прегазено од воз во Франкфурт откако 40-годишен маж го турнал на шините на една од главните железнички станици во Германија.
Мажот, кој е со потекло од Еритреја, Африка, ја бутнал и мајката на момчето, но таа преживеала, соопшти германската полиција.
Германските медиуми пренесуваат дека полицијата се уште не утврдила поврзаност меѓу мажот и жртвата и дека неговите мотиви се непознати.
„Според сведоците, 40-годишниот маж ги бутнал момчето и неговата мајка непосредно пред пристигнување на возот. Жената успеала да се спаси себе, но за жал 8-годишното момче беше прегазено“, велат од германската полиција.
Веднаш потоа мажот се обидел да побегне од железничката станица но бил спречен од минувачи, а потоа и приведен од полициски службеници и однесен на распит.
Очевидци изјавиле дека приведениот се обидел да турне уште една жена, но дека таа успеала да се одбрани.
По овој повод германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер го прекина одморот и свика состанок со безбедносните служни.