Уапсен 22-годишник за поседување марихуана и ризла

by fokus

22-годишно момче е уапсено вчера во тетовското село Лешок откако полициски службеници кај него пронашле марихуана и ризла.

„На 28.07.2019 година околу 22 часот и 30 минути, во тетовското село Лешок, лишен од слобода е 22-годишниот тетовец И.С, кај кого е пронајдена марихуана и ризла. По документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок“, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости