132
Од МВР информираа дека вчера било пријавено дека во Градските гробишта Бутел маж оштетил 11 гроба.
-На 12.06.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, вработен во Градските гробишта Бутел пријави дека лицето К.К. со метален предмет оштетил 11 гробни места. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот, информираат од МВР.