439
Вчера вечерта во Општина Петровец жител на Огњанци бил пронајден починат, а причина за смртта било паднато дрво врз него, велат од МВР.
„На 22.08.2022 околу 19:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Огњанци, општина Петровец, бил пронајден починат Б.Н.(59) од с.Огњанци. Според пријавеното, врз него паднало дрво кое го сечел во негова нива. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје“, додаваат од МВР.