1
Педесет и осумгодишен маж од Гостивар е пронајден починат на улицата „Беличица“ во градот, информира полицијата.
На 6 ноември 2026 година, околу 19:50 часот, Итната медицинска помош од Гостивар пријавила во СВР Тетово дека интервенирала по повик за укажување лекарска помош. По пристигнувањето на местото, лекар констатирал смрт кај мажот, при што не биле забележани видливи траги на насилство.
Полициски службеници веднаш излегле на терен и утврдиле дека станува збор за М.Ф. (58) од Гостивар. Увид извршиле екипа на ОВР Гостивар и дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар.
По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврди точната причина за смртта.