930
Уште еден позитивен случај на корона вирус е регистриран во Општина Неготино, информираат од Министерството за здравство.
Се работи за маж на возраст од 64 години, жител на Тимјаник.
-Новорегистрираниот пациент се наоѓа во Скопје. Тој е сместен на клиника од 20-ти мај – изјавија од Центар за јавно здравје Кавадарци.
Ова е девети случај на Ковид-19 во Неготино. Две лица се излекувани, три се наоѓаат на лекување на клиника во Скопје, додека пак четири се на домашно лекување.
В.К.