Битолчанец е осомничен дека утрово си ја убил својата 31-годишна сопруга. Убиството се случило околу 07:30 часот во битолската населба Баир, на улицата „5-та“.
Според првичните и неофицијални информации, станува збор за случај на семејно насилство.
Од СВР Битола потврдија дека се работи за семејно насилство.
-Денеска полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А. Р. (33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А. В. (31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР.