(ВИДЕО) Кунефе од Антакија е избрано за најдобар десерт во светот

by irena 10:30
10:30

Светски познатата гастрономска платформа „ TasteAtlas“ ја објави својата листа на 100 најдобри десерти во светот врз основа на прегледите од корисниците и оценките од критичарите.

Иако турската кујна имаше значително влијание на листата, „кунефе“ од Антакија, град во Турција кој беше најпогоден од земјотресот во 2023-та, го прогласи десертот „кунефе“за најдобар десерт во светот врз основа на над 97.000 прегледи.

По прогласувањето на Антакија Кунефеси за светски шампион, градоначалникот на општина Хатај, Мехмет Онтурк рече:

„Веќе знаевме дека Антакија Кунефеси е најдобриот десерт во светот, а сега е сертифициран. Ги покануваме сите да дојдат во Хатај за да го пробаат најдобриот десерт во светот“, изјави тој.

Кунефе од Антакија е едно од најпознатите и најавтентични турски десерти — и многумина велат дека токму таму се прави најдоброто во цела Турција, а редакцијата на „Фокус“ имаше можност да го вкуси најдобриот десерт во светот.

Тоа е топол десерт направен од тенки нишки кадаиф, растопено неутрално сирење, шеќерен сируп и путер.

Во регионот Хатај каде што се наоѓа градот Антакија, кунефето има неколку уникатни карактеристики. Се користи специјално локално сирење (Hatay peyniri) кое убаво се тегне, се пече на традиционален начин на жар, има совршен баланс, не е премногу благо  и често се сервира со кајмак или ф’стаци. Се служи жешко со турско кафе или чај.

Кунефето од Антакија (Antakya Künefesi) е официјално признато од ЕУ на 13 март 2023 година.

Само кунефе направено во регионот Хатај по традиционалниот рецепт смее да се продава во ЕУ како „Antakya Künefesi“.

Покрај тоа што Антакија Кунефеси се најде на врвот, Турција беше претставена и во првите 10 со баклава и фстак ролат.

текст, фото и видео: Орце Костов

Слични вести