609
Спасувачките екипи во Албанија, два дена по разорниот земјотрес, успеале да извлечат жив 33-годишен маж од рушевините.
Човекот, кој е жител на Туман, место кое беше најблиску до епицентарот, е извлечен во драматична акција, во која специјалните екипи морале да отстранат неколку тони бетон и ѓубре.
Според последните податоци, во силниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 ноември, загинале 49 лица, а повредени се повеќе од 2.000 луѓе.