Маж исчезнал обидувајќи се да помине река со џип

by Фокус

Маж исчезнал додека со џип се обидувал да помине надојдена река во демиркаписко Дрен.

Оваа информација за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, кој истакнува дека по исчезнатото лице се трага.

Тој не можел засега да даде повеќе детали, само кусо посочи дека полиција и јавен обвинител биле на лице место.

Поврзани новости