Обработени се сите 78.000 приговори за државната помош од 6.000 денари

by Фокус

Владата ги разгледала сите 78 илјади приговори од оние кои се пожалиле дека на своите сметки не ја добиле сумата од 6.000 денари како дел од буџетската помош за ранливи категории на граѓани поради ковид-кризата.

-Сите ќе добијат одговор на е-маил адресата од која аплицирале, а се ажурираат и списоците на веб страницата „купувамдомашно“, велат од Владата.

Со цел до крајот на годината парите да ги добијат сите на кои им следуваат, од Владата упатија повик до банките за толеранција кон граѓаните.

„За оние со блокирани сметки, банките кои имаат техничка можност им отвориле подсметки на граѓаните за да се исплати помошта“, посочија од Илинденска.

Поврзани новости