Две лица, маж и жена се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера вечер на крстосницата меѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Скопје, информираа од министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, до несреќата дошло откако возилото во кое биле повредените се судрило со автобус на ЈСП.
– На 08.04.2023 околу 22.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Чакаларов“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Скопје и автобус на ЈСП Скопје „јутонг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.Р.(51) од Волково, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило Т.М. и неговата сопатничка Е.К.(36) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.