442
Капитацијата на матичните лекарите ќе се зголеми кон крајот на годинава односно од 1 ноември 2019-та година со што значајно ќе се излезе во пресрет да се надминат финансиските проблеми на лекарите кои им создаваат проблеми во пристапот до пациентите и во квалитетот на здравствените услуги, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Освен тоа Филипче најави и дека од 2020-та година сите аптеки кои се надвор од мрежата ќе можат да влезат во неа и да склучат договор со Фондот за здравство со што тврди дека ќе се надмине проблемот со недостатокот од лекови уште на средината од месецот.