Матичните лекари реагираа на најавата на Комисијата за заразни дека се формираат пет ковид-амбуланти во Скопје и дека тие ќе треба да дежураат во нив.
-Да размисли КЗБ уште еднаш дали е добро да се дестабилизира примарното здравство бидејќи кога еден матичен доктор е сега на смена и во таа смена не одбработи во својата амбуланта и отиде во ковид-амбулантата, тогаш прашање е кој во тој период ќе ги услужи пациентите.
Во новите ковид-амбуланти можат да бидат ангажирани луѓето од вакциналните пунктови, специјализантите, да се вработат млади доктори. Не бегаме од работа, но сметаме дека во моментов не сме побарале вакво нешто. Сега речиси сите пациенти се со лесни клинички слики, за разлика од претходно, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на матични лекари.
Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ вчера информираше дека во текот на наредната недела ќе почнат со работа пет нови ковид-амбуланти на територијата на градот Скопје.