Тупанчески објаснува кој ќе пријавува, а кој ќе казнува за говор на омраза кон Бугарија

by Fokus

Секој кој смета дека во некој текст или на некое друго место има елементи на говор на омраза, може да поднесе кривична пријава, но само институциите на нашата држава се оние кои треба да одлучуваат по тоа прашање“, вели министерот за правда Никола Тупанчески во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

Тој уверува дека најновите измени во Кривичниот законик каде што е додаден делот на омраза предизвикана „врз основа на закон или ратификуван меѓународен договор“ нема никаква поврзаност со неодамна потпишаниот Билатерален протокол со Бугарија и дека додавките се резултат на одредени меѓународни стандарди кои произлегуваат од дефинирањето на поимот омраза.

„Затоа што нашата дефиниција за говор на омраза што претставува предикативно дело за некои потешки форми на кривични дела е позиционирано врз основа на добро утврдени европски стандарди, така што без оглед на конкретните состојби, билатералниот договор е прилично апстрактен во таа сфера, меѓутоа ние имаме национална регулатива и доколку се држиме до националната регулатива практично ќе стигнеме и до посакуваната цел дека говорот на омраза не секогаш треба да го врзуваме со Бугарија, туку да му дадеме малку екстензивно значење“, вели Тупанчески во интервјуто.

Поврзани новости