424
Приватните матични лекари го одложуваат протестот на две недели за да видат каков ќе биде исходот од работните групи што треба да ги формира Министерството за здравство.
Тие од ресорното министерство бараат исполнување на три барања, лиценца за работа и пациенти на ПЗУ, како и минималнао покачување на капитацијата која засега изнесува 55 денари.
Според нив, ако и по две недели не се остварат барањата, Управниот одбор на Здружението повторно ќе се состане и ќе одлучи како ќе делува.
– Оваа Влада вети зголемување на бодот и очекуваме зборот да си е збор. Никој не бара бодот веднаш да биде 90 денари, но покачување мора да има, изјави денеска претседателот на Здружението на приватни матични лекари Лилија Чолакова-Дервишова.