Материјалните докази за „Титаник“ на следното рочиште

by fokus

Специјалното јавно обвинителство на следното рочиште на 19 декември ќе почне со читање на материјалните докази за предметот „Титаник“ во Кривичниот суд, одлучи денеска судечкиот совет предовден од судијата Осман Шабани на рочиштето на кое заврши читањето на СМС пораките.

До следното рочиште одбраната на обвинетите треба да достави список кој материјални докази им се приоритетни за да бидат прочитани, во спротивно ќе се читаат сите.

Пред крајот на рочиштето дел од бранителите на обвинетите искажаа забелешки за автентичноста на СМС пораките и аудиоматеријалите што беа презентирани од страна на СЈО како докази пред судот.

Бранителот Боро Тасески во својот приговор истакна дека поминал долг период од  пет до седум години поради што, како што кажа, наводните учесници во разговорите и СМС преписките не можат да паметат дали се сторени со токму таква содржина, а замерка имаше и на „бројот на раце низ кои поминале до нивното предавање во СЈО“. -Сметам дека предлагачот треба да ја докажува нивната автентичност што претходно не го стори во постапката, рече Тасевски.

Бранителот Еленко Миланов посочи дека имаат ангажирано вешто лице да ја утврди автентичноста на доказите и додаде дека откако ќе се изготви вештачењето ќе биде доставено пред судот како дополнителен доказ.

Бранителот Димитар Дангов, пак, потенцира дека аудиоснимките и СМС пораките не се прибавени од СЈО поради што, кажа, е забрането да се употребуваат во оваа кривична постапка, а тоа, додаде, го вели Венецијанската комиисија која е еден вид уставен суд на Европската унија. -Забрането е вакви докази да се користат и на нив да се заснова одлука на суд, прецизра Дангов.

Поврзани новости