Селективна амнестија за 27 април, обвинетите сами ќе поднесуваат барање

by fokus
Подгрупата за помирување во Собранието изготви Предлог закон за амнестиоја што денеска ќе биде доставен до копретседавачите на Комисијата, за тој што побрзо да биде донесен.
Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводи оваа подгрупа, изјави дека нејзините членови постигнале консензус по ова прашање. Според него, со Предлог-законот нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27 април лани во Собранието.
-Сите лица опфатени со овој судски процес ќе треба поединечно да поднесе барање за амнестија, посочи Рамчиловиќ.
Се очекува Интерпарламентарната група за интеграција и помирување денеска да се состане и да го разгледа предлог законското решение за амнестија, што се предлага да се донесе по скратена постапка.

Поврзани новости