Роберт Матејевиќ е словачки новинар, главен и одговорен уредник на познатиот словачки и средноевропски магазин „Димензие“, специјализиран месечник за меѓународна политика, дипломатија, економија и историја. Има реализирано интервјуа со повеќе светски и европски политичари, дипломати, меѓу кои и со македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов, за време на неговите чести престои во Македонија. Поради неговите добри познавања на регионот, за време на новинарскиот фестивалот Фра Ма Фу во Хрватска МИА од него побара став за престојниот референдум во Македонија.
Г-не Матејовиќ, во Македонија на 30 септември ќе се одржи референдум што е поврзан со зачленувањето во НАТО и ЕУ, со промена на името, согласно Договорот со Грција? Како во Словачка гледаат на референдумот?
Пред четири години реализирав интервју со македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов со кого разговарав за зачленувањето во ЕУ и во НАТО, како и за односот меѓу Македонија и Грција. Тој тогаш за моето списание „Димензиe“ даде еден поучен податок. Тој кажа дека Македонија ќе влезе во ЕУ, доколку ЕУ ја обнови својата доверба кон Македонија.
Сега кога гледам што се се случува во Македонија, особено после демократските промени и кога се гледа дека Македонија веќе неколку години е подготвена да стане членка на НАТО, мислам дека референдумот има огромно значење за Македонија и за граѓаните на Македонија. Ова е огромна шанса да донесат одлука, дали сакаат и дали се согласуваат со промената на името на државата. Знаете, политиката мора да изнајде компромиси и доколку граѓаните донесат одлука за промена на името, ние во Словачка ќе ја подржиме Македонија и таа може многу бргу да стане членка на НАТО.
Што се однесува до членството во ЕУ, знеме дека Македонија мора да сработи уште неколку реформи, но доколку Македонците се одлучат да се изјаснат „За“ на референдумот, мислам дека Македонија, исто така, многу бргу ќе напредува во преговорите со Брисел, што ќе биде нов предизвик и нова шанса за Македонците во поглед на подобрување на нивниот квалитет на живот.
Во Македонија има опструкции и повици од опозициските партии за бојкот на престојниот референдум. Што мислите кои се причините за ова?
Луѓето кои се добро информирани во Словачка знаат за влијанието на Русија на Балканот. Исто така знаеме и за повиците за бојкот на референдумот во Македонија. Мислам дека сето ова нема логика, бидејќи називот на државата не зависи од идентитетот.
Доколку референдумот не успее, тогаш Македонците мораат да знаат дека се се стопира, сите процеси запираат на неколку години. Тогаш ќе се наметне прашањето- Што навистина сакаат Македонците. Дали сакаат да имаат неутрална држава и да постанат членка на ЕУ, нешто како Србија, што е многу важно прашање и за институциите во Брисел.
Во овој случај, се наметнува уште едно големо прашање, а тоа е можноста Македонија да се приклучи кон кинеско-руското стратешко партнерство. Овде мислам на два проекти. Еден е иницијативата 16+1, каде Кина автоматски Македонија ја вклучи во соработката. Вториот проект е „Патот на свилата“. И сега доколку ја разгледаме геополитичката состојба…..мислам дека Македонците мораат повторно да сфатат и да се одлучат што е подобро за нив. Дали клубот што се вика Европска Унија и безбедноста што се вика НАТО, дали тие ќе имаат повеќе предност за Македонија отколку еден неутрален статус. Ние во Словачка не знаеме дали и македонската Влада за ова размислува. Или пак на граѓаните им е поблиска соработката со Русија.
Доколку ја гледаме картата на Балканот и ја согледаме таа поделба, вклучувајќи ја и БиХ и Србија, мислам дека според моите добри информации што ги имам, мислам дека Македонците не сакаат да станат нешто што се вика „бафер зона“ меѓу земјите на НАТО и Истокот. Кога пред четири години бев во Македонија, кога разговарав со повеќе професори и експерти за меѓународна политика, ниту еден од нив не ми кажа дека Македонците не сакаат да влезат во НАТО.
Какво е значењето и ефектот за регионот од одржувањето на референдумот?
Доколку би го одвоиле името на државата со членството во НАТО и ЕУ и доколку не пројде референдумот, мислам дека Москва и тој нов кинеско-руски пакт би реагирале во смисла дека тоа би била добра одлука на Македонците, бидејќи ЕУ е во криза и е поделена. Мислам дека тогаш дипломатскиот притисок врз Србија, БиХ и Македонија ќе биде во насока на креирање на таа т.н. „бафер или неутрална зона“ меѓу двете сили, со што таа поделеност ќе стане релност.
Успешен референдум, пак, би имал влијание и врз БиХ и во Србија, бидејќи тоа би ги зас