Масовна тепачка во Аква паркот кај СЦ „Борис Трајковски“

by fokus

Вчера попладне настанала масовна тепачка помеѓу повеќе лица во Аква паркот кај СЦ „Борис Трајковски“, пренесуваат од МВР.

„На 20.08.2019 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 17.40 часот во Аква паркот при Спортскиот центар „Борис Трајковски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.И.(22), Н.Б.(23), и Б.Н.(23), сите од Скопје, од една страна и Г.Р.(21), Р.Ш.(25), А.С.(19), Р.З.(19), Е.М.(19), С.К.(20) и Л.Ш.(21) сите од Скопје, од друга страна. Лицата биле приведени во Полициската станица Карпош и сочинети се записници за констатиран прекршок член 11 став од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, велат од МВР.

 

Поврзани новости