Катица Јанева од СЈО вратена дома

by Fokus

По еден и пол час минат во просториите на СЈО, откако претходно беше приведена во нејзиниот дом во Козле, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, повторно ќе се врати на домашната адреса.

Автомобилот кој ја пренесува специјалната јавна обвинителка тргнал од гаражата на СЈО, од каде Јанева уште еднаш ќе го посети својот дом, а се очекува во текот на денот таа да биде изведена пред судија на претходна постапка.

Врз основа на информациите кои ги даде обвинителката Вилма Русковска, од канецелатијата на Јанева во СЈО, бил одземен нејзиниот службен компјутер.

Денеска Обвинителството побара притвор за Јанева, бидејќи според нивните сознанија, стекнала имотна корист од 298.000 денари.

Според истрагата, Јанева стекнала 298.000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.

Јанева, според Обвинителството, имала намера да му ја олесни положбата на Камчев со тоа под неизменети околности притворот му го заменила со домашен, Камчев требало да стане заштитен сведок или да му биде понудена спогодба, да му се врати пасошот и тој да плати минимална штета за предметот „Империја“.

Поврзани новости