579
Доцна по полноќ во угостителски објект во Трубарево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе лица, пренесуваат од МВР.
„На 12.09.2019 околу 02.40 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека пред угостителски објект во Трубарево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.А., Г.М.(30), Б.А.(44) и С.М.(31), сите од Скопје, од една страна и С.Д.(37) од с.Батинци, И.Б.(20) од с.Студеничани, А.Б.(27) од Скопје и А.И.(33) од с.Кадино, од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР.