Масовна евакуација на аеродромот во Франкфурт поради закана со огнено оружје

by fokus 20:20
20:20

На еден од најголемите аеродроми во Европа, во Франкфурт, полицијата нареди масовна евакуација на присутните поради наводна закана со огнено оружје.

Неколку сектори на аеродромот се затворени поради постапката на полицијата, која побара од граѓаните да не ги споделуваат снимките од овој настан на социјалните мрежи.

- Advertisements -

Поради новонасатнатата ситуација може некои летови да се одложат.

На патниците им е однапред соопштено да го проверат статусот на летот пред да пристигнат во зградата на аеродромот.

Поврзани новости