Масовен напад на Киев со дронови

by Fokus

Руската армија лансираше над четириесет беспилотни летала во главниот град на Украина, кои синоќа беа соборени од киевските системи за воздушна одбрана, а едно лице загина, соопштија украинските власти.

Додека Киев денеска се подготвува да ја прослави годишнината од своето основање, руската армија го изведе досега најголемиот напад со беспилотни летала врз градот.

„Само во првиот бран имало над 20 беспилотни летала, во следниот – сè уште не е познато“, соопшти  воената администрација во Киев.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека пожарот во една од компаниите зафатил површина од повеќе од седумстотини квадратни метри. Уништени се градежни објекти на вкупна површина од 1.000 метри квадратни.

„Експлозии во Киев. Информацијата е потврдена“, напиша на својот профил на Телеграм Кличко.

Тој додаде дека системи за противвоздушна одбрана во регионот на Киев се активни, пренесе Тас.

Експлозиите одекнаа во предградијата, а нападната беше и центарот на Киев. Некои од беспилотните летала прецизно ги погодија нивните наменети цели.

Претходно, украинските медиуми објавија дека експлозии се слушнале во многу региони, вклучувајќи ги и регионите Житомир и Суми, како и дека е прогласена воздушна тревога во поголемиот дел од Украина и Киев.

Пожарникарите работат во областа Голошеје во главниот град. Оштетени се и некои магацини.

За време на битката меѓу воздушната одбрана и беспилотните летала, шрапнели оштетиле покриви на неколку куќи.

 

 

Поврзани новости