Две маскирани лица со фантомки на главите, вооружени со пиштоли со пригушувачи и автоматски пушки пукале кон Раде Трајковски – Штекли во подземните гаражи во трговскиот центар „Ист Гејт“ во центарот на Скопје, неофицијално дознава „Фокус“.
Според нашите информации пукањето се случило пет минути пред 16 часот кај „Карбокс“, а напаѓачите излегле од автомобил „Ауди А4′ караван со странски регистерски ознаки.
Пукале кон Штекли кој останал неповреден и избегале во непознат правец. На местото на пукањето е најдена една чаура, а возилото е запалено и пронајдено кај езерото Треска кон Грчец.
Засега до МВР потврдуваат само дека е пријавено пукање и дека немаат информации за повредени.
Пред две години Трајковски беше екстрадиран од Србија и предаден на македонските власти по што беше спроведен во Истражниот затвор во Шутка. Се бараше со потерница за издржување на казна затвор од шест месеци.
Пукање на паркингот во „Ист Гејт“, неофицијално мета бил екстрадиран бегалец
Ф.Ф.С.