Компанијата Спејс Икс, водена од најбогатиот човек на светот, Илон Маск, се согласи да ѝ плати 250.000 долари на стјуардеса која наводно тој сексуално ја злоставувал, пишува Бизнис Инсајдер.
Девојката која работела како член на екипажот на приватен авион го обвинила Маск дека ѝ го покажал својот пенис во ерекција, ја допирал по колената и рекол дека ќе ѝ купи коњ во замена за еротска масажа.
Инцидентот, како што тврди, се случил во 2016 година. Стјуардесата потпишала документ со кој се потврдува злоупотребата.
Во него пишува дека таа му се доверила на пријател дека, откако ја прифатила работата, добила понуда компанијата да ѝ плати за обуката како масерка, за да може да го масира Маск.
За време на една од масажите во приватната кабина, сопственикот ѝ дал неморална понуда. Наводно, Маск ѝ побарал „масажа на цело тело“.
Кога влегла во кабината видела дека тој е целосно гол. Долниот дел од телото му бил покриен со крпа. Почнала да го масира и тој во еден момент го поместил пешкирот и ѝ ја покажал ерекцијата, а потоа почнал да ја допира и ѝ рекол дека ќе ѝ купи коњ доколку се согласи да има врска со него.
Откако ја одбила оваа „задача“, на стјуардесата наеднаш ѝ го намалиле обемот на работа и чекор по чекор ја турнале од тимот на Маск, пишува Бизнис Инсајдер.
Маск ги негираше овие тврдења, а шефот на неговата правна служба Кристофер Кардаки рече дека нема да ги коментира договорите меѓу двете страни.