Mашки труп пронајден во Вардар

by fokus

Во водите на Вардар во општина Желино утрово е пронајден машки труп. Телото не е идентификувано, а според  првичните сознанија се претпоставува дека станува збор за 93-годишно лице кое е пријавено како исчезнато пред 10 дена од село Стримница, општина Желино.

Се очекува екипи на Противпожаната единица на терен да го извлечат пронајдениот труп. Полицијата го обезбедува местото, по што ќе се врши увид.

Поврзани новости