Ефтов: Вчера на МТВ беше прегазена стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ дека со Македонија владее хунта

by fokus 14:43
14:43

Новинарот Васко Ефтов преку статус на социјалната мрежа Фејсбук вели дека во синоќешниот дуел на МТВ како победник излегол лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Но со присуствувото на дебатата, пак, вели тој, опозицијата ја прегазила својата главна стратегија дека со Македонија владее хунтата на Заев.

„И вчера вечер на МТВ беше прегазена стратегијата на опозицијата дека во Македонија владее Хунтата на Зоран Заев. Да не се лажеме не може во еден исти ден Хунтата да осудува на затворска казна политички противници и да дебатира во прва телевизиска дебата ( по 19 години ) со лидерот на опозицијата. ВМРО вчера се откажа од својата стратегија да покаже и докаже дека Хунтата на Зоран Заев е многу пототалитарна власт од Режимот на Никола Груевски.  Се плашам дека ако ВМРО сака ( брзо ) да се врати на власт ќе мора да покаже дека Хунтата на Заев е масовен тоталитаризам во споредба со Режимот на Груевски. Ние вчера на МТВ го видовме Заев како слаб и неспособен политичар, но не го видовме како Шеф на Хунта која владее во Македонија. Сума сумарум: Голема лична победа на Мицкоски. И голема стратегиска победа на спонзорите кои го донесоа Заев на власт“, напиша Ефтов.

- Advertisements -

Поврзани новости