Бројот на жртви во терористичкиот напад на свадба во Турција се искачи на 50 лица, а стотина се повредени, по самоубиствениот бомбашки напад во јужниот град Газиантеп, јави Ројтерс.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за нападот ја обвини Исламската држава.
Инаку, градот кој е главно населен со Курди се наоѓа во југоисточниот дел од државата, на околу 60 километри од границата со Сирија. Во истиот град во мај беа убиени двајца полицајци исто така од бомбаш самоубиец. Според АФП, на свадбата повеќето од гостите биле Курди.
Во северна Турција во изминатата година имаше неколку бомбашки напади со жртви, поврзани или со Курдските сепаратисти или со Исламската држава.
Последен голем терористички напад имаше неодамна на аеродромот во Истанбул каде беа убиени 45 лица.