Денеска целодневен собир во Тафталиџе за одбрана на паркот

by fokus

Жителите од улица Букуешка во скопско Тафталиџе денеска во 12 часот ќе се соберат на целодневна дружба за одбрана на зеленилото. Идејата доаѓа откако жителите неделава по петти пат го блокираа паркот и не дозволијa багерите да почнат со копање на темелите на нова петкатница.

Тие денеска на собирот ќе порачаат дека нема да се откажат и дека „Паркот нема да падне”.

-Дружбата ќе вклучува дискусија околу константното бетонирање на зелените површини, правење на скара и освежување со некој ладен пијалак. Дојди во недела, прави скара со соседите, дружи се и сочувај го паркот. Не дозволувај да фрлат бетон врз твојата иднина. Да се користи паркот како што треба- стои во повикот за собир.

Поврзани новости