Германија го поддржува почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ до крајот на годината, истакна германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на видео средбата со неговиот македонски колега Бујар Османи.
Во однос на барањата од Бугарија која поставува дополнителни услови за нашата земја за старт на преговорите, Мас рече дека преговори се водат на билатерално ниво и на ниво на ЕУ и оти е оптимист дека овие прашања во скоро време ќе бидат затворени.
– Што се однесува до јазикот, до името тоа се многу детални преговори кои што се одвиваат. Тоа се прашања кои што билатерално мора да се решат меѓу Северна Македонија и Бугарија. Тие се обидуваат да изнајдат решение и тоа го поддржуваме да биде што е можно побрзо за да може да се продолжи со пристапниот процес за Северна Македонија бидејќи таа веќе долго чека на тоа. Преспанскот догововр – нешто историско беше постигнат во Северна Македонија и затоа сум оптимист дека прашањата кои што се отворени во догледно време ќе можат да бидат решени. Меѓутоа за тоа потребни се понатамошни разговори кои ќе треба да се одржуваат како на ниво на ЕУ исто така и помеѓу Северна Македонија и Бугарија, рече Мас.
Османи, пак истакна дека заеднички констатирале дека завршетокот на 2020 година и претседателстваото на Германија со ЕУ нуди неповторлива и неодминлива шанса земјава да започне со исполнување на вториот важен државен стратешки приоритет – членството во ЕУ, покрај членството во НАТО кое што го остваривме оваа година,
– Одржувањето на првата Меѓувладина конференција, често користен технократски термин, има големо симболично значење за нашиот европски пат. Тоа ќе значи потврда на реформската определба и европскиот курс на земјата. Покрај политичката симболика, стартот на преговорите ќе значи почеток на најобемната и најкомплексната административно – техничка операција со која досега сме се соочиле. Тоа е сериозен предизвик за целото општество, а не само за Владата, во кое ќе мора да ги подигнеме своите перформанси и сите заедно како политичари, државни службеници, но и стопанственици, синдикати и претставници на граѓанското општество да ја сплотиме својата енергија и напори кон остварување на оваа цел, рече Османи.
Почетокот на преговорите, додаде Османи, ќе значи конвергенција на нашето општество кон правилата, стандардите и вредностите на Европската Унија; цел која не претставува причина самата за себе, туку процес кој нуди можности за постепена интеграција; процес во кој од нас самите ќе зависи колку придобивки ќе обезбедиме за себе и во текот на самите преговори“.
Ова е прва средба на Османи со неговиот колега од Германија по преземањето на функцијата шеф на дипломатијата на Северна Македонија. Во фокусот на разговорот, покрај евро-интеграциското досие на Северна Македонија, биле и темата за корона вирусот, ситуацијата во регионот, како и билатералната и економска соработка помеѓу Северна Македонија и Германија, за планираните иницијативи, но и за очекувањата од Софискиот самит на 10 ноември со кој заедни ќе престедаваат С Македонија и Бугарија, во рамки на Берлинскиот процес кој во 2013 година го започна канцеларката Ангела Меркел.