590
Долгогодишниот шеф на кабинет на поранешниот премиер Никола Груевски, Мартин Протоѓер, од минатиот месец е вработен во ВМРО-ДПМНЕ, дознава НОВА ТВ. Од април годинава Протоѓер на платниот список на партијата им се придружи на екс министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и на поранешниот портпарол во МВР, Иво Котевски.
Протоѓер, кој важеше за десна рака на Груевски и во владата се смести уште од првиот ден од мандатот во 2006 година, го напушти техничкиот премиер Емил Димитриев и засолниште најде во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.