479
Маршот на толеранцијата 2015 „Бегалци без граници“ ќе се одржи во сабота, на 14 ноември, со почеток во 11:55 часот од пред Музејот на град Скопје. Годинешниот Марш на толеранција е посветен на бегалците, со цел да се подигне јавната свест и да се упати апел до властите за обезбедување хуман и достоинствен третман при нивното транзитирање низ Македонија.
Маршот на толеранцијата, годинава го организираат Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, ЛГБТИ Центарот за поддршка, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Цивил – Центар за слобода и Солидарност.