Граѓанската иницијатива „Бори се женски“ утре, 8 март, организира Марш за женски права. Маршот за еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и должно почитување на 8 март ќе почне во 12 часот пред споменик на Олимпија на плоштадот Филип Втори.
-8ми март е Меѓународниот ден на жената кога се одбележува женската борба за економска, политичка и социјална рамноправност. Во тој дух, Платформата за родова еднаквост организира Марш на жените, во кој движејќи се од Плоштадот Карпошово востание преку Камениот мост и Плоштадот Македонија, па до Паркот „Жена-борец“ ќе испратиме порака дека сме тука, дека сме важни и дека нашиот глас ќе биде чуен. Истовремено со жените низ светот кои на овој 8 март објавија општ женски штрајк, и ние јасно и недвосмислено порачуваме дека сакаме еднакво, солидарно и напредно општество, велат организаторите на настанот.