Марш за солидарност: „Судбината на мигрантите е и наша судбина“

by Фокус

Во моментов стотина граѓани и активисти се движат кон Центарот за мигранти во Гази Баба како знак за солидарност со мигрантите кои поминуваат во Македонија и со оние кои под лоши услови се држат во Центарот. Маршот насловен „Еден километар во чевлите на миграните“ започна пред Владата, а организарот е граѓанското движење „Протестирам“.

-Да изодиме од местото каде што се исцртуваат политики што дискриминираат до местото каде што ги гледаме последиците од неправдата кон мигрантите што бегаат за подобар живот. Судбината на мигрантите во прифатниот центар е симбол и за нечовечките услови и ризиците со кои се соочуваат и нашите граѓани, затворени и присилени да мизеруваат, да се раселуваат или самите да сонуваат за мигрирање надвор од државата во потрага по безбедност и пристоен живот, велат од „Протестирам“.

Тие бараат државата да гарантира привремена заштита за мигрантите и еднакви услови за живот за сите.

Поврзани новости