Марина Шкрабало, претседателката на хрватската невладина организација Гонг/платформа 112 во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека македонскиот премиер ќе покаже вистиска политичка волја за справување со проблемите во судството ако го смени Jавниот обвинител, кој не спровел целосна истрага за аферата прислушување.
– Јас мислам дека Груевски треба сам да го смени јавниот обвинител ако јавниот обвинител не покрене истрага.Затоа што ако тој не го смени јавниот обвинител кој не покренал истрага, тогаш воопшто не е битно, тогаш тој како премиер, не само како премиер, тука е и парламентот за кој претпоставувам дека гласа за поставување на јавен обвинител, мислам тоа е одговорност на политички актери која треба да ја сносат, мислам на сите во вашиот политички процес. Мислам нормално дека тоа е прашање и за парламентот. Ниту една политичка партија, без разлика дали има еден или два претставника во парламентот не може да биде ослободена од одговорноста во ситуација кога постојат сериозни индиции дека е дојдено до масовно злоупотребување на овластувања. И тоа е основно прашање на истрагата, сè друго може да се заклучи како – што би било, кога би било – истакна Шкрабало.