Маријан Стојаноски: Луѓето се уште ме препознаваат по „Ненаситен“

by fokus

Поп пејачот Маријан Стојаноски, во интервју за 1 ТВ раскажуваше за тоа како настанале неговите хитови. „Ненаситен“, „Овој ритам е јак“, „Подарок“, се само дел од песните кои ја обележаа неговата кариера.

„За „Ненаситен“ има интересна приказна. Турскиот автор ми ја понуди да ја пеам, се задруживме на еден фестивал во Турција. Ми ја понуди и „Овој ритам е јак“. Владо Јаневски го напиша текстот за „Ненаситен“, а многумина и до ден денес ме знаат како „ненаситен“, од песната“, истакна Стојаноски.

Тој истакна дека е во план да промовира три песни со видео записи во текот на зимата.

 

Поврзани новости