Марихуана и бела прашкаста материја пронајдени во Штип, тројца лишени од слобода

by irena 12:57
12:57

Три лица се лишени од слобода во Штип по полициска акција поврзана со сомнение за недозволена трговија со дрога. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил откриен на 8 август, околу 22 часот, на Штипски сокак.

Според полицијата, службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнале М.Б. и М.Џ.У. (24), државјани на Турција со привремен престој во Штип, при наводна продажба на марихуана на Ф.Р. (23) од Штип.

Притоа, од слобода е лишен Ф.Р. и кај него е пронајдена марихана“, соопшти МВР.

Слични вести