Секретарот за меѓународни прашања на СДСМ Бојан Маричиќ, вечерва за вестите на телевизија Сител ја нагласи важноста на носењето на одлуката за ЕУ, односно изгласување на уставните измени токму сега.
-Важно е токму овој момент да се искористи оваа година и желбата, волјата на ЕУ да направи пакет за проширување со неколку држави, тоа е битно за САД, како и за граѓаните на Северна Македонија ние како држава да влеземе токму во овој пакет, истакна Маричиќ, додавајќи дека чекањето подобри времиња и очекувањето дека ќе се преговараат нови услови не е стратегија.
Маричиќ нагласи дека ДПМНЕ нема да победи на наредните парламентарни избори и дека нема да ја формира наредната влада, особено доколку го задржи антиевропскиот курс на својата политика.
Изборите секогаш траат меѓу 60-90 дена, ако ги одземеме наредните 60 и 90 дена со сите процедури по изборите за формирање на влада веќе доаѓаме до самиот крај на годината, тоа значи дека целото ова време од наредните 4 месеци сме го искористиле за избори а по нова година веќе европските институции ќе влезат во едно предизборно расположение бидејќи во јуни се европските парламентарни избори, истакна Маричиќ.