Маричиќ: Треба да се движиме на брза лента и до 2030 да станеме членка на ЕУ

by Фокус

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ изјави дека во декември се очекува да се расправа и да се донесе одлука за почеток на преговори и за Украина и Молдавија, на кој ќе се додадат уште четири држави коишто веќе преговараат за членство со Европската Унија.

-Тоа не значи дека некому е нешто гарантирано или дека мора да биде, туку едноставно се дава прилика, шансата овие држави да фатат залет и да ги завршат преговорите пред 2030 година. Тука е нашата прилика, тука ја нашата шанса и ние треба првиот момент кога ќе се отвори портата за нови членки на Европската Унија, а тоа е очигледно ќе биде 2030 година, ние да бидеме на бината со новите држави членки. Тоа е нашата цел и на таа лента треба да останеме – рече Маричиќ на Алсат.

За пораките кои ги испрати претседателот на Европскиот парламент, Шарл Мишел, од Блед, како и Макрон кој зборуваше за Европа во повеќе брзини, вицепремиерот Маричиќ рече дека ниедна од тие идеја не е нова, но она што е ново и е пресвртница е дека по првпат по зачленувањето на Хрватска се дава временска одредница 2030 година за следното проширување.

Тој укажа дека тоа треба да го искористиме бидејќи сме во категоријата на држави што преговараат заедно со Албанија, Србија, Црна Гора и дека, според него, треба да движиме на таа брза лента што побрзо, односно „не подоцна од 2030 година да станеме држава членка на Европската Унија“.

Маричиќ смета дека ВМРО-ДПМНЕ и сите пратеници во Собранието треба уставните измени да ги прифатат како клучна одговорност на овој мандат, за како што вели тој да „можеме наредната година да одиме на избори и да разговараме на други теми, кој може да понуди подобра економска политика, подобра политика за владеење на правото…

Поврзани новости